Фото. Најозлогласените сериски убијци во САД

Сериските убијци се способни да ги изменат секојдневните животи на голем дел од популацијата, на начин кој може да има само катастрофални последици.Доколку бидат фатени, најчесто се прашуваме што точно ги обземало овие навидум безопасни луѓе да станат такви монструми.
За жал, отсекогаш имало и ќе има безброј сериски убијци, кои живеат помеѓу обичниот народ. Најозлогласените од нив добија огромно медуимско покривање во текот на минатиот век, кога медиумите станаа попродорни.
Гери Ридгвеј  
Две тела пронајдени во Сиетл на Зелената река во 1982, беа првите од десетици тела, најмногу од нив млади проститутки, кои беа откриени во Вашингтон то текок на 15 – тина години. Виновникот беше Гери Ридгвеј или познат како убиецот од Зелената река, кој не бил официјално идентификуван се до 2001 година, иако бил предмет на сомневање не долго после неговите први убиства. На суд, се исповедал за вкупно 48, а се верува дека убил над 60 жени.

Тед Банди
Веројатно добриот изглед и шарм на Банди му помагале да ги намами своите жртви и да ги стави во позиција на ранливост. Тој признал околу 30 убиства до времето на неговата егзекуција во 1989, но експертите за криминална правда проценуваат дека направил уште неколку. Жртвите биле задавувани и осакатувани, а потоа спиел со нивните трупови, додека не станувале неподносливо распадливи. Но, тоа не ги спречило илјадници жени да му праќаат восхитувачки писма во затвор.

Хороскопски убиец – „Zodiac Killer“ (непознат идентитет)
Злосторствата на убиецот Зодијак остануваат нерешени повеќе од 40 години откако прв пат се случиле. Тој убил 5 лица во Северна Калифорнија од декември 1968 година до октомври 1969, кога прави краток прекин од неколку години, а потоа повторно продолжува со убиствата. За време на грозоморните настани, праќал серија на криптични писма до весниците, признавајќи ги своите злосторства. Се изјаснил за 37 убиства вкупно, но полицијата никогаш не го пронашла неговиот идентитет.

Џефри Дамер
Дамер е буквално волк во овча облека. За време на неговото апсење, многу малку можеа да замислат дека овој љубезен дечко со руса коса и сини очи е способен за убивање, распарчување и канибализирање на 17 млади момчиња. Но, неговите убиства остануваат помеѓу најгрозоморните во Американската историја. Повеќето од неговите жртви беа сиромашни азијци, афро-американци и латино мажи во областа на Милвоки.

Џон Вејн Гејси
Пред да бидат откриени телата на 29 млади мажи и момчиња на неговиот имот во 1978, Гејси низ Чикаго бил познат како ништо повеќе од пријателски сосед. Се облекувал како кловнот Пого и бил свештеник во локалната црква. Поради неговиот углед, многумина не можеле да веруваат дека токму тој е уапсен меѓу другите злосторства и за содомија со малолетно лице во текот на 60 – те години.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Доколку бидат фатени, најчесто се прашуваме што точно ги обземало овие навидум безопасни луѓе да станат такви монструми.
За жал, отсекогаш

Пронајдете не на следниве мрежи: