Фото: Најстариот жител на Македонија го открива рецептот за долг живот!

„Да се живееше порано како што се живее сега, воопшто немаше да остарам“-Алида Мемеди.Слаба, по малку збрчкана, но со поглед полн со живот. Вака изгледа најверојатно најстариот жител на Македонија, можеби и на Балканот, а и меѓу најстарите жители на цела планета, скопјанката Алида Мемеди, која за три месеци ќе го слави својот 112-ти роденден. Илинденското востание, Првата и Втората светска војна, скопскиот земјотрес, распадот на Југославија, формирањето на самостојна Македонија и уште колку не историски, а и приватни настани лежат на грбот на старицата, чиј живот се протега низ два века и не дава времето да ја прегази. Ја најдовме во скопското село Сингелиќ, во куќата на своите синови, помеѓу многу внуци и правнуци. Она што разумот не може да го прими, го разувери изводот од книгата на родените и личната карта на баба Алида. Родена е на 4 мај 1902 година во скопското село Љуботен. Таа е и најстарата пензионерка во земјава, дури 33 години ја користи својата земјоделска пензија, која ја стекнала од 1981 година. Иако годините, настаните, трагичните случки и тешкиот живот натежнале над неа, ведриот дух и блажината на нејзиниот поглед ја прават многу помлада оваа старица полна со живот, која, како што самата вели, не планира да ~ се предаде на староста.Сакам да живеам, кој сака да умре- Да беше порано вака како што живеете вие сега, ич немаше да остарам, ќе бев уште помлада – низ смеа ни вели баба Алида и додава „сакам да живеам, кој сака да умре“.Таа продолжува да раскажува за спомените што надвиснале над неа, најмногу за тешкиот живот во минатото.
– Не сме имале ништо. С` сама сум работела, сум жнеела, копала по нивите. Kога ќе се сетам шест деца сите голи и боси, па на сите сама облека да им сошиеш. Порано многу работевме, беше многу тешко, сега е многу полесно, с` има да си купиш – вели таа.

Оди на лекар, нема посебни здравствени проблеми, освен притисок понекогаш, но склерозата, која се појавила пред две години, сака да ~ ги уништи сеќавањето и спомените собрани од повеќе од цел еден век. Не носи очила, а и заби не сака да стави, велејќи „Господ ми ги зел, сега јас ќе ставам“.Тргнавме во потрагата по најстариот жител на Македонија со малку скептицизам и безброј прашалници, дали навистина е жива, дали е добра, дали може да зборува, дали ќе н` прими?! Но портите на оваа голема фамилија се широкоотворени, а топлината и големата љубов со која столбот – баба Алида сите ги поврзала и неизмерната грижа што таа ја добива од сите зрачат невидена хармонија во семејната куќа.- Добра мајка е штом толку си ја чувам. Знам колку патела додека не пораснала, ние бевме многу мали кога останавме без татко. Kога ќе се сетам што с` не преживеа за сама да н` подигне – вели синот Иса.Млада ги загубила сопругот и едниот синОваа прекрасна старица сама изгледала 6 деца, има 17 внуци и 19 правнуци. Сопругот починал уште додека биле многу млади, најстарото дете имало 12 години. Сеќавањето веќе не ја држи многу, па деталите од првите детски денови, младоста, за неа се веќе далечно минато. Убавите спомени ги избришал тешкиот живот потоа. А Втората светска војна, односно Германците ги избришале, односно искинале и сликите од младоста, дури и моментот кога била невеста.
– Најтешки моменти во животот беа загубата на сопругот и на синот, кој го прегази автобус. Тоа беа трауми. Германците не го даваа телото на синот, н` бркаа. Тешки времиња беа тоа. Децата немаа ни да јадат, беа гладни, боси и голи. Јас немав никој, ниту брат ниту сестра тука да ми помогнат. Бевме оставени сами на себе. Kога дојдоа Германците, хаос направија, с` исфрлија надвор, фрлаа алишта. Мажите ги бараа, каде се, а ние ги криевме. Kога ми текнува на војната, дури и леб не ми се јаде, само си легнувам и спомените ме надвасуваат – колку ни беше тешко. Само тоа ми е останато во паметот – вели баба Алида.

Грижата за оваа старица е на снаата Џилфет, од најмалиот син, кој е починат. Таа срамежливо стои настрана од разговорот, но сите ја потенцираат нејзината прекумерна грижа за баба Алиде.- Ја чувам што да правам. Не е тешко, ама мора за с` да ја потсетуваш, баш како мало дете. Не ~ се јаде многу, понекогаш сама јаде, понекогаш јас ~ давам. Порано беше подобра, с` до пред две години, кога ја фати склероза и по малку заборава. Kога пие апчиња, добра е и пак ~ се враќаат сеќавањата. Kолку мака има преживеано, а уште е жива. Kако маката да го носи човекот. Ако ја прашаш ќе ти каже дека уште ~ се живее, уште 4 внуци не се женети, вели да ве оженам, па после ќе мислам на одење – вели Џилфет.На аџилак на 108 годиниБаба Алида била чудо и за турската телевизија, која пред четири години, тогаш 108-годишната старица ја начекала на аџилак во Мека.- Бевме заедно на аџилак. Патувавме со автобус, бидејќи мајка ми не сакаше да одиме со авион. Шест-седум дена патувавме со автобус цели 5.000 километри и тоа за неа не беше – проблем. Сега вика дека пак сака да оди, ако ~ го платам патувањето – вели синот Иса.
Додека разговорот со можеби најстарата жителка на Македонија привршува, пак на почеток н` враќа детскиот џагор, кој доаѓа од дворот на семејната куќа. Некои од правнуците на баба Алида се враќаат од училиште. Прво доаѓаат да се поздрават и да ја бакнат старицата пред да ги почнат домашните обврски.

– Ја сакам баба ми многу – вели Исра, осумгодишната правнука на баба Алида, додека се гушка со прабаба си. Тука се шестгодишната Ширин, осумгодишниот Енсар и помалиот четиригодишен правнук Албин и постарите внуци, како Берат, кој повеќе се сеќава на она што му раскажувала баба му за настаните од нејзиниот живот отколку самата таа.- Знае ноќе да си прошета, па полека со стапчето да оди од третиот кат на куќата до долу, и сите да н` посети додека спиеме – раскажува Берат со голема љубов и почит кон бабата.Полека привршува разговорот, ако може за два часа да се опише цел животен век на личност што претркала три века. Се затвара големата порта од семејната куќа, пред која н` испратија дури и најмладите. Ги оставивме со ветување дека ако е с` во ред, пак ќе се видиме на 112-тиот роденден на баба Алида, чија единствена желба е најблиските да бидат до неа и само да има торта.
РЕЦЕПТ ЗА ДОЛГ ЖИВОТ – КИСЕЛО МЛЕКО СО ШЕЌЕР
Ја прашавме баба Алида кој е рецептот за долговечен живот. Таа не го знае, но на шега вели дека не треба многу јадење на с` и сешто, зошто таа имала моменти и кога со денови не јадела ништо, па преживеала. Сега основниот рецепт од кој преживува е кисело млеко со шеќер секое утро. Вели така крвта ~ се подобрувала.- Сок не пие, месо од продавница не јаде, освен ако има домашна кокошка, јаде супа, млеко. Не пушела, а и кафе и чај не пие – коментираат најблиските.
Извор: ДневникСлаба, по малку збрчкана, но со поглед полн со живот. Вака изгледа најверојатно најстариот жител на Македонија, можеби и на Балканот, а и меѓу најс

Пронајдете не на следниве мрежи: