Со потврдата „100% произведено од британски компири“ која стои на амбалажата од чипсот, Британецот Ричард Бутман (25) отворил кесичка со чипс во која се наоѓал цел компир!Овој архитект од Милденхол, Велика Британија, навистина бил изненаден кога во кесичката чипс наместо грицки, наишол на цел компир, пренесе „Daily Mail“.
„Кога ја земав кесата, помислив дека чипсот се имаше згрутчено. Но, веднаш штом ја отворив, сите во канцеларијата почнаа да ми се смеат“, изјавил Ричард.
Тој додаде дека овој мал инцидент нема да го предомисли пак да купи чипс од истиот производител, но објасни дека наредниот пат добро ќе ја опипа кесата пред го купи чипсот.
Овој Британец го објавил незгодниот настан на Твитер, а неговата објава со брзина на светлината беше споделена во различни земји од светот.
За работата да биде поинтересна, од фирмата која го произведува чипсот, му беше понудено целосно рефундирање на парите.
Овој архитект од Милденхол, Велика Британија, навистина бил изненаден кога во кесичката чипс наместо грицки, наишол на цел компир, пренесе „


