ФОТО: Народната канцеларија на претседателот Иванов пред и по дивеењето на хулиганите на СДСМ и СОРОС

 Искршени прозорци, врати и витрини, запалени столици и работни маси, украдени компјутери, уништени слики,  дупки во ѕидовите, откорната подна конструкција. Ваква е сликата од Народната канцеларија на претседателот во Скопје по минатонеделното дивеење на хулиганите – демонстранти.Сликите од сторениот вандализам сведочат како за натпревар во хулиганство, натпревар да се покаже кој колку може повеќе да направи штета во Народната канцеларија. Деструкцијата одеше дотаму што ниту ѕидовите, ниту подот не беа поштедени во налетите на демонстрантите.
 
На снимките кои кружеа на интернет можеше да се забележи дека демонстрантите ги палеа столчињата, ги крадеа компјутерите. Отсуството на државност кај разулавените вандали зазема такви размери, што без трошка емоција го уништија и државното знаме, изработено и подарено од учениците од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“.
 
На крајот, за „добро завршената работа“ се почестија со вода и сок, исто така украдени од Народната Канцеларија.
Проценетата штета е околу 15 илјади евра, велат од Кабинетот на шефот на државата и додаваат дека се уништени 2 компјутери, 1 фотокопир, 3 осветлувачки ламби, 20-тина столчиња, работни маси, бироа.
Сега, канцеларијата на народот е само руина, со целосно уништена внатрешност и надворешност. Истата онаа канцеларија низ која продефилираа илјадници граѓани, ученици, студенти и пензионери, местото каде што изминатите 6 години  се организираа голем број културни настани, изложби и предавања.
Во Народната Канцеларија во Скопје, досега беа одржани голем број настани од научно-едукативен карактер како и одбележувања на значајни денови од меѓународен карактер. Беа организирани настани по повод Светскиот ден на науката, Светскиот ден на математиката, Меѓународниот ден на волонтерството, Меѓународниот ден на толеранцијата, Денот на планетата Земја, Денот на македонските и сесловенските просветители, беа организирани предавања од носителите на признанието „Најдобар млад научник“, се одржаа крводарителски акции и настани за поддршка на лица со епилепсија, како и голем број други активности. Во канцеларијата беа организирани и посети на ученици од основните училишта „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Димитар Миладинов“, „Кирил Пејчиновиќ“, кои се запознаваа со функцијата и со надлежностите на Претседателот на Република Македонија.
 
Во народната Канцеларија во Тетово, која беше исто така цел на вандалски чин, беа искршени влезната врата и прозорците и оштетена внатрешноста на објектот.
Сликите од сторениот вандализам сведочат како за натпревар во хулиганство, натпревар да се покаже кој колку може повеќе да направи штета во Народна

Пронајдете не на следниве мрежи: