Фото: Некогаш тежела 90 килограми, а денес е модел

Девојката Келси Бајарс не само што успеа да се ослободи од вишокот килограми, туку го постигна и својот сон – стана модел.
Младата девојка потрошила 5 години од својот живот за да се ослободи од килограмите, кои ги натрупала за релативно кратко време. Побарала совет од нутриционист кој и помогнал да ја замени штетната храна со здрава исхрана и да заборави на алкохолот.

-Денес повторно се чувствувам како тинејџерка… барем вагата така покажува. Малата разлика е тоа што имам повеќе мускули. Нив ги здобив со редовни тренинзи, вели Келси.
Таа денес е среќна што го остварила својот детски сон – да учествува на конкурс за убавина, каде го освоила третото место. На сцена била заедно со уште 100 други убавици.

-Никогаш не претпоставував дека ќе соберам храброст да го направам ова. Но ете успеав! Победата ми обезбеди неколку насловни страни во фитнес списанија. Очекувам со нетрпение уште возбудливи моменти, кои ќе го исполнат мојот живот и сигурна сум дека најдоброто тек ми претстои, раскажува Келси.
Девојката Келси Бајарс не само што успеа да се ослободи од вишокот килограми, туку го постигна и својот сон – ст

Пронајдете не на следниве мрежи: