Мајка на две деца, која го изгубила помнењето по осумчасовен брутален напад, се сетила на сѐ благодарение на хипноза. Зое Дронфилд (38) била нападната од момчето Џејсон Смит (31) кој ја прободел во врат и ѝ нанел страшни повреди на главата.Таа се онесвестила и не можела да се сети на нападот, сѐ додека не била хипнотизирана. Благодарение на нејзиниот исказ на суд, Смит бил прогласен за виновен и чека изрекување на казната.
Ѝ биле скршени јагодиците на лицето, имала крварење на мозокот и убодна рана на вратот, само сантиметар до вратната вена.
„По нападот остана само мојата сенка. Многу жени по ваков напад си го одземаат животот, но јас морав да најдам начин да се борам. Затоа и се согласив на терапија, за повторно да се изградам ментално и да ги пополнам празнините. Не можев да се сетам на ништо, но благодарение на терапијата се вратив во живот и почнав да се борам“.
Еден месец работела со терапевтот Дејвид Килмуриј, додека не била во состојба да сфати што се случило таа кобна ноќ.
„Благодарение на хипнозата можев да сведочам против Џејсон. Сакам да им порачам на жените да го сторат истото, не смеат да дозволат напаѓачот да победи.“
Зое и Џејсон биле во врска една година. Тој ја опсипувал со подароци, ја водел во скапи ресторани. Но, кога се обидел да ја контролира што повеќе, таа одлучила да ја прекине врската.
На втори февруари минатата година, Џејсон брутало ја нападнал додека спиела.
„Мојата спална соба беше прекриена во крв, како сцена од хорор филм. Џејсон воопшто не беше насилен, сосема спротивно, правеше сѐ за да се чувствувам како најдрагоценото суштество на светот. Ми велеше дека сум неговата сродна душа, принцеза, а дека тој е мојот заштитник. Страшно е тоа што бев со овој човек, а всушност не го познавам воопшто.
Се запознавме на Фејсбук. Ми прати барање за пријателство, а имавме 100 заедничи пријатели, па претпоставив дека се знаеме. Разговаравме преку Фејсбук и се претстави како професионален продавач на автомобили и семеен човек. Ме опсипуваше со коментари и ме покани да излеземе. Почнавме да излегуваме и ме носеше во отмени ресторани. Ми ласкаше…“
Откако нејзиниот татко се разболел, однесувањето на Џејсон се променило.
„Татко ми многу ми помагаше околу децата, па сега се вклучи и Џејсон. Во тој момент беше мој спасител, а дури подоцна сфатив дека на тој начин сакаше да ме контролира. Ми забрани да се гледам со пријателите и правеше планови само за нас.“
Го замолила да се исели, а седум дена подоцна дошол да разговараат.
„Ја поминавме ноќта разговарајќи, а тој заспа на каучот, па отидов во својата соба. Следно на што се сеќавам е дека се разбудив во крв.
Мојата прва мисла беше дека не смеам да умрам, бидејќи сум им потребна на своите деца. Целата куќа беше во крв. Кадата беше полна со вода, а Џејсон ги миеше ножевите во кадата. На сето тоа се сетив благодарение на хипнозата.“Таа се онесвестила и не можела да се сети на нападот, сѐ додека не била хипнотизирана. Благодарение на нејзиниот исказ на суд, Смит бил прогл