Фото: Необичен протест во Истанбул

Синоќа се одржа необична форма на протест на плоштадот Таксим во Истанбул, пренесува БТА.
По забраните од полицијата на плоштадот да се одржуваат протести, синоќа момче со бела кошула и црна чанта неколку часа стоеше на плоштадот „Таксим“.
Ова момче остана неколку часа свртено со лицето кон културниот центар „Атататурк“ на речиси празниот плоштад, без да презема никакви дејствија. Подоцна дојде полицијата и го претресе момчето и ранецот, но не можеше да најде ништо сомнително.
Момчето продолжи да стои мирно. По некое време околу него се собраа стотина лица и почнаа да стојат без да се движат и зборуваат. Полицијата интервенираше и ја растера групата. Сепак, момчето остана да стои на плоштадот, сам заедно со новинарите кои го фотографираа.

Актерката Рукен Демирер изјави дека „застанатиот човек“ е нејзин состанар. Станува збор за Ердем Гундуз. Според актерката, момчето во период од еден месец секоја вечер ќе стои на „Таксим“ во знак на солидарност со демонстрантите во паркот Гези.
Момчето во својот ранец носел само бисквити и вода.

 Синоќа се одржа необична форма на протест на плоштадот Таксим во Истанбул, пренесува БТА.

Пронајдете не на следниве мрежи: