Во рубриката „Осамени срца“, на еден хрватски портал се појави необичен оглас на 27-годишен невин професор којшто сака да се ожени, но има малку необично барање. Имено, дечкото бара девојка која не користи смартфон бидејќи се плаши од штетните зрачења.Неговиот оглас гласи:
„Ситуацијата е следнава: наполнив 27 години, љубовните искуства ми се скоро па никакви, но многу поголем проблем ми е што со експанзијата на безжичната технологија сѐ повеќе сум истиснат од општествените текови (ми пречат зрачењата, не знам колку луѓето се свесни за овој феномен, но незгоден е).
Работам во околина на голем град како наставник во основно училиште (таа работа ми изгледа како најлогичен избор) и можам без проблем да бирам работни места по селските училишта.
Проблемот е – како да се оженам? Каде да најдам девојка која би се согласила на живот без модерните технологии, со фиксен телефон, обичен компјуер, кабелска, како во некој американски филм…“
За жал, корисникот бил избришан од форумот, па не е познато дали успеал да си ја пронајде сродната душа.
Неговиот оглас гласи:
„Ситуацијата е следнава: наполнив 27 години, љубовните искуства ми се скоро па никакви, но многу поголем пробле