Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва го посети првиот човек на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Петров, кој вчера, беше нападнат по поставувањето на камен-темелникот на крстот во скопски Бутел, со Груевски разговарал за неговата здравствена состојба и за она што се случило во ресторанот, кога влегле непознати лица и го претепале.
Инаку, Петров вчера, околу 12 часот и 30 минути, физички бил нападнат во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на пет-шест лица.
Од МВР излегоа со соопштение дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот и утврдување на инволвирани лица. Но се уште нема информации дали се пронајдени сторителите и се повикани на информативен разговор. Се надеваме дека сторителите ќе бидат пронајдени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата.Петров, кој вчера, беше нападнат по поставувањето на камен-темелникот на крстот во скопски Бутел, со Груевски разговарал за неговата здравстве