Оваа година, за првомајските празници, особено на 1 Мај , Охрид беше преполн со туристи. Тешко се наоѓаше слободно место во кафеаните, а цените, изненадувачки беа спуштени на ниво на оние во Скопје…Минатите години пред стартот и во екот на летната сезона, високите цени во угостителските објекти беа топ тема во македонските медиуми. Поради тоа, редовно, охриѓани се жалеа дека имаат слаба сезона и ги обвинуваа медиумите дека им прават негативна кампања.
Но очигледно ја научиле лекцијата.
Оваа година, за првомајските празници, особено на 1 Мај , Охрид беше преполн со туристи. Тешко се наоѓаше слободно место во кафеаните, а цените, изненадувачки беа спуштени на ниво на оние во Скопје. Иако во центарот на градот се уште има неколку кафеани кои парче месо продаваат за 400 денари, сепак, општо земено, впечатокот е дека оваа година, Охрид ќе привлекува туристи и со ниски цени…
Погледнете ја фискалната сметка:
Оваа фискална сметка е од ресторан кој се наоѓа на самиот брег на Езерото кај местото Свети Стефан. Ручате речиси во водата за цени кои се навистина прифатливи за секого.
Кафе еспресо чини 40 денари, а исто толку е и една флаширана вода.Минатите години пред стартот и во екот на летната сезона, високите цени во угостителските објекти беа топ тема во македонските медиуми. Поради тоа,