Фото: Охриѓани возвраќаат на ударот!

Откако беа објавени реалните цени со кои Охрид сака да „привлече“ туристи, пристигна и реакцијата од страна на охриѓани.Имено, тие нивните цени ги сфатија како напад од страна на скопјани, па решија да возвратат на истиот.  Па најпрво ги обвинија  скопјаните дека им прават анти-кампања објавувајќи ги цените кои ги има во нивните кафичи и ресторани. Па го напишаа следново „ Како што ви објавивне вчера, се водит голема анти-кампања од Скопје против Охрид. Неколку големи Македонски вебстраници објавуваат слики од Охридски менија сликани од читатели што биле во Охрид на одмор. Како да не е то доволно, на сликата чак го пишит и името на ресторанот/хотелот/кафичот, што е најголема анти-реклама за Охрид и објекотот во прашање.
Вчера беше пулс24.мк…денес повторно пулс24.мк и mknews.mk под наслов “патриотски е да летуваш во Охрид ама и солено, плескавица 300денари, ражнич 400…“.
Во продолжение може да ја погледнете фотографијата и да се потсетите на ценовникот во Охрид.

Но, Охриѓани не застанаа тука па јавно ги повикаа сите жители на Охрид:
„ Доста е со ова анти-охридска кампанња од страна на скопјанишчава! Креваме иницијатива за против кампања, ДОСТА БЕШЕ ЌУТЕЊЕ! Ќе ве замолиме да ни праќате и вие слики од ценовници од скопски кафичи/ресторани итн…да докажеме бело-на-дело дека Скопје е поскап од Охрид!
А како пример еве некоја слика од Мени во Кафе-Тренд во Скопје, каде една Кока Кола е 90 денари, Скопско 110 денари и Хајнекен 160 денари!!! И после ќе ни кажвет на интернет дека Охрид бил скап, а овие цени никаде не се објавено на интернет!“

Фото: ohrigani.mkИмено, тие нивните цени ги сфатија како напад од страна на скопјани, па решија да возвратат на истиот.  Па најпрв

Пронајдете не на следниве мрежи: