Џои Сон е студентка која дефинитивно била на вистинско место во вистинско време, а згора на се ја направи и вистинската работа. Таа во Св.Пауло во Минесота безгрижно фотографирала божиќни украси во градот, не забележувајќи дека за тоа време пред неа се случува уште нешто. Дури подоцна кога ја погледнала фотографијата сфатила дека ја направила во вистински момент – всуштност таа „уловила“ во кадар запросување.„Во еден момент некој ми кажа дека има запросување. Сакав да фотографирам, но додека се наместив и зумирав, парот веќе беше станат. Баш ми беше жал…Но подоцна прегледувајќи ги фотографиите одеднаш наидов на една на која се и тие, што значи дека сум ги фотографирала без да знам“, вели Џои.
Фотографијата ја објави на Инстаграм а покрај неа напиша: „Бев опкружена со толку многу сијалички на дрвата што не ни забележав дека уловив запросување. Би сакала ова да го споделам со парот на сликата и ми треба вашата помош! Фотографијата е направена во паркот во Св.Паоло на 18.12.2014 околу 22 часот“…После ова фотографијата е лајкувана повеќе од 2400 пати, а набрзо и се јавила и девојката која била запросена, Стефани Јараин.
Пријателка и ја покажала фотографијата во една вест на Star Tribuneu, а Јараин извикала; „О Боже! Тоа сум јас!“. „Беше кул. Фотографијата многу убава и на неа е уловено се во еден момент. Супер е што ја имам“, вели девојката.„Во еден момент некој ми кажа дека има запросување. Сакав да фотографирам, но додека се наместив и зумирав, парот веќе беше станат. Баш ми бе
Пронајдете не на следниве мрежи: