Фото: Ослабел 130 килограми: Од дебел тинејџер се претворил во згоден бодибилдер

Рич Бранскум има 23 години и учествува на натпревари за бодибилдинг, но откако ќе ја прочитате неговата животна приказна, ќе сфатите дека патот до успехот му бил трнлив и напорен.Тој на возраст од само 17 години тежел неверојатни 206 килограми, но вели дека тоа и не го допирало многу се додека еден ден не му се случило нешто шокантно.
Кога во еден момент се погледнал во огледало, сфатил дека неговото тело ја зафаќа целата површина на огромното огледало.

Тогаш 17-годишниот ученик решил дека е време да преземе нешто и да се смени.
Во последната година од средно училиште, Рич ослабел неверојатни 70 килограми, а во следните пет години уште речиси толку.

Рич дури шестпати во неделата одел во теретана, а направил и драстични промени во начинот на живот и исхрана.
После шест години од започнувањето на строгиот режим Рич успеал да симне вкупно 136 килограми и е доказ дека со упорност и решителност може се да се постигне.Тој на возраст од само 17 години тежел неверојатни 206 килограми, но вели дека тоа и не го допирало многу се додека еден ден не му се случило нешто

Пронајдете не на следниве мрежи: