Фото: Освоил 30 медали, а спие и се смрзнува во шупа на гробишта

Лазар Ришар, без ниту еден ден тренинг во 2011 година го истрчал „Сомборскиот маратон“ во искинати патики и износени фармерки, а само две години потоа трчал повеќе од 30 маратонски трки и освоил скоро исто толку медали, некои од нив за пласман, а некои за учество во натпреварувањето.За разлика од своите колеги атлетичари, Лазар гладува и ноќите ги поминува во шупа без греење во католичките гробишта во Сомбор, пишува српски Ало.
Потресната приказна за ова младо момче ја расплака Србија. Кога пред две ипол години новинарот Милан Степановиќ од „Сомборски новини“ започнал мала медиумска лавина со медиумски натписи и ТВ емисија за младиот и сиромашен маратонец Лазар, за момент изгледало дека среќата и човековата солидарност конечно ќе му се насмеат на ова младо момче.

Лазар во 2011 година го истрчал „Сомброскиот маратон“, односно полумаратонот од 21,1 километар. Од колегите маратонци, кои биле несебични и солидарни кон него, добил потребна опрема за трчање, го продолжил прекинатото школување и успеал да стигне до средното училиште, но бројните ветувања за помош од страна на сомборските институции, пред се од Градот и Центарот за социјална работа, останале само мртви букви на хартија, пишува Ало.рс!
Седумчленото семејство на Лазар и понатаму живее во куќа која се распаѓа (ако може воопшто да се нарече куќа), во една соба, ходник и кујничка, без бања која се наоѓа во католичките гробишта во Сомбор. Лазар, како најстар од сите деца, спие во шупата за дрва, без греење, на температури под нулата. Само таткото работи, а социјална помош нема.

– Земам икона во раката и се молам додека не заспијам, раскажал Лазар за тоа како го издржува ладното време.
Тој редовно тренира и учествува во сите трки каде и да го повикаат или каде и да го земат колегите од сомборското АРК „Маратон“.
– Главно гладува. И се смрзнува. Сепак, колку и да звучи патетично, во нашето денешно опкружување полно со лоши вибрации, почисто срце и ведра душа од онаа на Лазар не сум сретнал, вели Милан Стеапановиќ.За разлика од своите колеги атлетичари, Лазар гладува и ноќите ги поминува во шупа без греење во католичките гробишта во Сомбор, пишува српски Ало.

Пронајдете не на следниве мрежи: