Кога Hong Nyugen од Хоустон во вторникот околу 8 часот тргнала да трча не ни помислила дека на некој ќе му го спаси животот. Имено додека трчала од грмушките слушнала детско плачење и одеднаш здогледала девојче во седиште за автомобил. Веднаш повикала полиција кога утврдила дека се работи за осуммесечно бебе кое исчезнало заедно со автомобилот украден таа ноќ.
Автомобилот бил украден од бензинска пумпа додека мајката купувала сок за девојчето. Девојчето го оставила да спие во автомобилот кој го оставила вклучен. Тогаш во автомобилот влегол маж и отишол заедно со бебето. Мајката трчала по него но безуспешно, па се вратила во бензинската по помош.
Иако полицијата по два часа го лоцирала автомобилот, од девојчето немало ни трага ни глас. За сета среќа на бебето после неколку часа налетала Хонг.
Продолжува на следната страна:
– На раката имаше неколку мравки и бубачки – рекла Хонг која веднаш ја повикала полицијата. Бебето е однесено во болница каде е утврдено дека е во добра состојба. Интересно е тоа што Хонг кажува дека таа не џогира никогаш, и дека тоа и бил нејзин прв ден со ваква активност.
– Инаку секогаш сум дома ова време, додава Хонг која не знаела за исчезнатото бебе.
– Бев многу загрижена и малку исплашена во ситуацијата па само сакав да се јавам во полиција да ми помогне да го најдеме семејството и да го вратиме бебето – изјави Хонг која се нашла на вистинското место во вистинското време.
– Се работи за подрачје кое е доста напуштено. Бебето има среќа што го пронајдоа – велат од полицијата.Имено додека трчала од грмушките слушнала детско плачење и одеднаш здогледала девојче во седиште за автомобил. Веднаш повикала полиција кога утврди



