„XStat“ се состои од апликатор кој е наполнет со голем број на минијатурни сунѓерчиња и кога тие се нанесуваат на отворена рана можат да впијат голема количина на крв.Компанијата „RevMedx“ која се занимава со пороизведување на потребите за војните лекари и припадници на итни случаеви развила уред кој потсеќа на инекција, кој може да запуши дупка од куршум за 15 секунди. Се нарекува XStat а компанијата се надева дека наскоро ќе биде одобрен за користење во медицината.
XStat се состои од апликатори со кои е наполнет голем број на минијатурни сунѓерчиња и кога се нанесуваат на отворена рана можат да впијат голема количина на крв.
Тие се обележани на специфичен начин, што им овозможува да бидат видливи на ренгенот и кога пациентите ќе пристигнат во болницата едноставно да можат да го извадат од телото.
Моментално лекарите кои работат на пациентите за раната од куршумот користат газа и со тоа го прекинуваат крварењето. Ова е болен и не толку ефикасен начин бидејќи е потребно газата да се гурне длабоко во раната за да се спречи крварењето.
RevMedx од американската влада добила пет милиони долари за да го изврши овој проект. Доколку биде одобрен за користење, сигурно ќе помогне во полесно лечење на луѓето кои претрпеле рака од куршум или имаат некое друго крварење.
Компанијата „RevMedx“ која се занимава со пороизведување на потребите за војните лекари и припадници на итни случаеви
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.