Версаче, Версаче, Версаче. Кај Шенки Маслани апсолутно сѐ е во знакот на тој италијански моден бренд.„Почнав прво да ја купувам нивната облека. Во плакарот буквално сѐ ми е од Версаче – од капи до чорапи. Потоа ја уредив целата куќа да има лого на мојот омилен бренд. Потоа ги обележав и автомобилите, базенот, секое парче мебел во куќата, дури и плочките во кујната“ – вели Маслани.
Меѓутоа, тоа отсекогаш не било така. Маслани станал опседнат со Версаче дури во 2009 година.
Пред тоа, овој Албанец од Македонија имаше уште една поголема љубов.
Тогаш многу му се допаѓал друг познат бренд – мерцедес.
Ги возел нивните модели на автомобили, а околу вратот носел и синџир со нивниот знак.
Но, бидејќи „мечката“ немала облека, мебел и сѐ останато што сакал Шенки, изгледа дека таа љубов пукнала.
Тогаш ги исфрлил мерцедесите од возниот пар и се свртел кон главниот конкурент – БМВ.„Почнав прво да ја купувам нивната облека. Во плакарот буквално сѐ ми е од Версаче – од капи до чорапи. Потоа ја уредив целата куќа да