ФОТО: Овој уметник има потрошено 7000 долари за несекојдневен хуман гест!

Кога уметникот Вили Баронет почна да откупува картонски знаци за да им помогне на бездомниците во 1993 година, немал поим дека еден ден ќе му текне навистина креативна идеја.Баронет рече дека една кревка и болна жена која питала на улица го довела до солзи, кога му го продала картонскиот знак од нејзиниот починат маж кој го имаше направено за неа.
На лично ниво, Баронет призна дека има водено пријатни и долги разговори со бездомници, кои му имаат помогнато да се помири со своето проблематично детство.
Додека растел, тој бил најстариот од осумте деца во неговото семејство кое живееше во јужна Луизијана. Неговиот татко секојдневно се борел за да им обезбеди пристоен живот, но од друга страна бил и насилен спрема децата.

Овие болни сеќавања го инспирирале да го започне најголемиот проект досега.
Неговата цел е да вози од Сиетл до Њујорк во јули и да собере колку што е можно повеќе картонски знаци од бездомници за да ја започне својата хуманитарна кампања IndieGoGo fundraiser. Како додаток на тоа, тој сака наскоро и да одржи изложба со наслов We Are All Homeless, како и да напише книга и да продуцира документарен филм за оваа осетлива тема.
Баронет рече дека една кревка и болна жена која питала на улица го довела до солзи, кога му го продала картонскиот знак од нејзиниот починат маж ко

Пронајдете не на следниве мрежи: