Фото: Питон експлодирал откако проголтал алигатор

Бурмански питон се обидел да проголта цел алигатор и експлодирал. Судирот завршил кобно и за двете најопасни животни во Флорида. Необичниот судир меѓу 3,9 метри долгиот питон и 1,8 метри големиот алигатор завршил погубно и за двајцата. Чуварите на Еверглејд националниот парк на Флорида (САД), ги пронашле остатоците на двете најопасни животни.
Откритието дури и упатува на тоа дека е можно бурманскиот питон, на кој флоридското мучуриште не му е природно престојувалиште, ја довел во прашање алигаторовата челна позиција на врвот на синџирот на исхрана.

Остатоците од питонот биле пронајдени со опашка на жртвата, која виреела од средината на змијата. Главата на питонот исчезнала. Во стомакот била главата, рамената и предниот дел од телото на алигаторот.
– Веројатно биле еднакви во големина. Питонот добро да го уловил алигаторот, можеби би можел да ја добие битката. Можеби алигаторот го гребел во внатрешноста на стомакот, што довело до експлозија – рекол Френк Мазоти, професор на Универзитетот во Флорида.
– Ако го убил алигаторот, може да совлада и други видови – додал тој.
До сега имало четири конфликти од овие вонредни влекачи. Или победник е алигатор или резултатот бил нерешен. Необичниот судир меѓу 3,9 метри долгиот питон и 1,8 метри големиот алигатор завршил погубно и за двајцата. Чуварите на Еверглејд националниот парк

Пронајдете не на следниве мрежи: