ФОТО: Погледнете како руските војници со невнимание ја откриле тајната на Путин!

Неколку руски војници објавиле фотографии на социјалните мрежи, не мислејќи дека тоа ќе предизвика сериозни последици. Немаше да биде лошо, доколку малку повеќе ја употребувале главата.Русија во повеќе наврати ги демантираше изјавите дека нивните војници се распоредени на подрачјето на Украина, но најновите фотографии на Инстаграм го тврдат спротивното, јави Бизнис Инсајдер.
Имено, рускиот војник Александар Соткин, објавил низа фотографии од базата на кои се покажува и нивната локација. Станува збор за селата Красна Талича и Красни Дерклу, кои инаку се под контрола на проруските сили.

Со помош на ГПС кој ја обележува неговата точна локација на телефонот, откриено е каде тој се наоѓа. Соткин во еден пост напишал како работат на ракетата „Бук“, за која инаку се претпоставува дека е користена за соборување на малезискиот авион.
Иако станува збор за „почетничка грешка“, американската војска има специјална обука за овие работи со која ги учи војниците за штетноста на социјалните мрежи при откривање на локацијата на американските бази.
Ова не е единствениот пропуст. Имено, слична работа направил и војникот Владислав Григориев, кој напишал дека ја гранатирале Украна цела ноќ. Подоцна тој лично дал изјава, со образложение дека некој му го хакирал профилот.
Русија во повеќе наврати ги демантираше изјавите дека нивните војници се распоредени на подрачјето на Украина, но најновите фотографии на Инстаграм

Пронајдете не на следниве мрежи: