Дел од медиумите објавија дека повеќе рибари што ловат во Дојранско Езеро биле каснати од непозната риба, за која биле уверени дека е пирана, опасна риба што живее во јужноамериканските реки.Анализата покажува дека станува збор за видот Амазонски Паку.
Оваа несекојдневна вест предизвика низа реакции, од кои многу шеговити.
Но, не и за градоначалникот Борче Стамов, кој смета дека некој води специјална војна против Дојран оваа туристичка сезона.
-Цело лето некој води хајка против Дојранско Езеро од причини кои веројатно само нему му се јасни. Доколку целта беше да пропадне туристичката сезона и локалните власти да се прогласат како некомпетенти, ваквиот налудничав чин нема никакво оправдување. Првиот пат ја заплашуваа јавноста со водата, која била опасна за здравјето, а сега гледаме дека некој нечовек е подготвен и директно да го загрози здравјето на туристите. Очекуваме официјални анализи за видот и потеклото на рибата од надлежните институции. Според неофицијалните информации, она што го знам е дека не станува збор за пирана, станува збор за аквариумска риба која не е опасна и може да се набави и пушти во водите на езерото во мала количина и не може да преживее подолго време во него, вели Стамов за Курир.
ФОТО: Ohridsky.comАнализата покажува дека станува збор за видот Амазонски Паку.
Оваа несекојдневна вест предизвика низа реакции, од кои многу шеговити.