ФОТО: Поради девојка која ја запознал на интернет ослабнал 180 килограми

Брајан Флеминг (32) од Мичиген пред две години бил тежок 283 килограми. Немал работа, ниту пријатели, деновите ги поминувал во кревет пиејќи вотка и играјќи видео игри.„За вечера обично јадев двоен чизбургер со помфрит, порција поховано пилешко месо и голем сендвич. Секојдневно се претрупував со брза храна”, се сеќава Флеминг.
Неговата здравствена состојба забрзано се влошувала, се додека интернет играта “Draw Something” не го споила случајно со Џеки Истхем.

Британката која поради вродена болест на мускулите се храни исклучително здраво и редовно вежба, го убедила Флеминг да го промени својот живот од корен.
„Ми рече дека во светот постојат луѓе кои се борат да преживеат, а јас ги имам сите услови да бидам среќен и ги отфрлам”, вели Американецот.

 

Со нејзина поддршка, Флеминг го оставил алкохолот, почнал да шета секое утро и да внесува овошје и зеленчук. Тие двајца на крајот на минатата година се сретнале во Париз, каде заедно се искачиле на врвот на Ајфеловата кула.
„Џеки е најдобрата работа што ми се случила. Ми го спаси животот, иако никогаш не си ја превзеде заслугата за тоа”, вели поранешниот алкохоличар.

Тој денес тежи 103 килограми и е одлучен во намерата да продолжи со слабеењето. Со својата пријателка се допишува редовно, а оваа година ќе ја посети во Лондон.„За вечера обично јадев двоен чизбургер со помфрит, порција поховано пилешко месо и голем сендвич. Секојдневно се претрупував со брза храна&r

Пронајдете не на следниве мрежи: