Фото: Поради овие фантоми СДСМ бегаше од избори и го оспоруваше Избирачкиот список

На виделина излегоа сите манипулации на опозицијата поврзани со наводно непрочистениот Избирачки список. Имиња на роднини на функционери од СДСМ, на активисти, експерти и други јавни личности што важат блиски до опозицијата се најдоа на листата.Порталот „Курир“ пренесува само дел од фантомите заради кои СДСМ бегаше од избори и го оспоруваше Избирачкиот  список.
Државната изборна комисија на својата веб-страница www.sec.mk го објави списокот на 39.502 граѓани чии записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список.
Списокот на сомнителни гласачи кој денеска го објави ДИК ги исфрли на површина сите манипулации на опозициската партија. На истиот може да се забележат низа опозициски фунционери и таканаречени експерти кои во јавноста отворено ги бранат политиките на СДСМ, пишува „Курир“.
 
Мирјана Најчевска, Ерол Ризаов и неговиот син Горан, Павле Трајанов се само дел од имињата кои можат да се забележат за списокот објавен од ДИК, а кои според опозицијата се фантоми.

Иста приказна и со Гордан Георгиев. Поранешниот потпретседател на СДСМ навистина се повлече од политичката сцена заедно со Бранко Црвенковски, а според ДИК и СДСМ од тогаш, тој најверојатно се претворил во фантом. Меѓу фантомите е и неговата мајка Јагода Мигајловска- Георгиева.
 
По 38 години, и Радмила Шеќеринска дозна дека има фантомска сестра. Според списокот Лилјана Шеќеринска Ѓорѓевиќ доаѓа од редот на фантомските гласачи.Порталот „Курир“ пренесува само дел од фантомите заради кои СДСМ бегаше од избори и го оспоруваше Избирачкиот  список.
Држ

Пронајдете не на следниве мрежи: