Фото: Премиерот Груевски им подари пакетчиња на децата од домот „11 Октомври“

Дечињата од домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ денеска со претстава и песна го пречекаа премиерот Никола Груевски и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.Премиерот Никола Груевски и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска како и секоја година претходно им ги честитаа новогодинешните празници и им поделија пакетчиња.
На барање на Домот „11 Октомври“ премиерот Груевски и заменик министерот Спасов на децата за Нова година им подрија и нова машина за перење алишта.

-Ви посакувам пред се многу здравје. Да имате весели и среќни мигови во 2016 година. На крајот на 2016 не само пораснати туку да бидете и помудри и многу повесели и посреќни, им посака Груевски на дечињата.
Директорката на Домот Ристенка Атанасова упати голема благодарност до Груевски и Спасов, кои како што подвлече, секогаш имаат слух за потребите и проблемите со кои се соочуваат дечињата.
Децата изведоа пригодна програма за премиерот и за заменик министерот и им врачија поклони изработени од нивните раце во рамките на креативните работилници во Домот.
Инаку, Влада изминатиот период реализираше низа на проекти кои што се во интерес на децата без родители и родителска грижа.
-Оваа година се големи паричниот надоместок за загрижувачките семејства, кои што се најблиски до биолошките и кои што згрижуваат голем број на деца без родители. Паричниот надоместок е зголемен за 25%. Почнувајќи од јули месец оваа година Владата на Р.Македонија издвои дополнителни 12 милиони денари, подвлече Спасов.
Порано паричниот надоместок за загрижувачките семејства  изнесуваше од 6.500до 8.500 денари месечно, сега изнесува од 8.000 до 10.500 денари.

-Продолжуваме со реализација на проектот Д10 за вработување на деца без родители во државната и во јавната администрација. До сега околу 143 деца се вработија. Продолжуваме и со доделувањето на државни станови на оваа категорија на лица кои што во минатото биле со статус деца без родители. Околу 163 станови се доделија и исто така секое дете кое што е запишано на редовни студии им а право на парична помош од 24.000 месечно, додаде тој.
 
Спасов подвлече дека и во иднина ќе се продолжи со оваа практика, на реализација на проекти кои што се во интерес на подобрување на животот на децата без родители и на оние лица кои што имале ваков статус во минатото.Премиерот Никола Груевски и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска како и секоја година претходно им ги честитаа новог

Пронајдете не на следниве мрежи: