Последниот примерок на Gallardo, вчера излезе од производствената лента, а во текот на десетте години, во разни верзии се произведени 14.022 автомобили.Ламбурџини некогаш беше познат по егзотичните суперавтомобили кои беа произведувани во мали серии, а промените се случија во 1998 година, кога Ауди го презема брендот.
Оттогаш новиот сопственик почна да произведува модели на Ламбурџини во илјадници примероци, а најбараниот меѓу нив Gallardo се доближи до бројката од 15 илјади примероци.
Италијанскиот производител на супер автомобили, кон крајот на 2012 година ја најави последната серија на овој модел, а сега, една година подоцна, го произведе последниот автомобил – црвениот Gallardo LP 570-4 Spyder Performante. Автомобилот ќе биде дел од колекција на приватен купувач.
Наследникот на Gallardo, треба да го носи името Cabrera и е најавен за следната година.Ламбурџини некогаш беше познат по егзотичните суперавтомобили кои беа произведувани во мали серии, а промените се случија во 1998 година, кога Ауди