Во најголемите и природно најбогатите земји во светот живеат 185 етнички групи, од кои повеќето имаат свои републики. Иако тие групи не се мнозинство во сите, постојат критични жаришта во кои постојат силни сепаратизми. Да се обидеме целосно реалистично да ја замислиме ситуацијата во поранешните советски републики, а откако се позанимававме со руските малцинства кои доминираат во одредени региони во многу од нив, мислиме дека ќе биде фер да погледнеме и во самата Русија и да видиме колку е, всушност, најголемата и природно најбогатата земја во светот етнички кохерентна.
Фантастичен број на 185 различни етнички групи кои живеат во Руската Федерација кои чинат 83 федерални субјекти: 21 од нив се републики, во кој не-руските националности претставуваат или мнозинство или значителен број од населението и кои имаат свои устави , влади и собранија.
Адигеја се наоѓа во Северен Кавказ и не припаѓа во проблематичните региони, првенствено затоа што древниот народ кои и го даде имете, Адигејците сочинуваат над 25 проценти од населението, додека Русите имаат речиси две третини. Адигејците се главно муслимани. Во Дагестан никој нема комплетно етничко мнозинство: Аварите претставуваат речиси 30 проценти, но постојат и други многубројни народи, главно со кавкаско и турско потекло, како што се Даргинци, Кумици, Лезгини, Лакци, Азери, Табарасани, Чеченци и Ногајци; Руси има пет отсто. Во неа се зборува повеќе од 30 јазици, а 90 проценти од населението се муслимани.
Ингушетија е најмала руска република, а етничките Ингуши чинат 77 проценти од населението, додека Чеченци има 20 проценти. Русите се многу малку, така што исламот е скоро единствената вера. Заедно со соседна Чеченија, каде што истоимениот народ го чинат над 90 проценти од жителите, претставува едно од жариштата на РФ. Првата и втората чеченска војна, од кои Русија излезе како победник, често се прелива помеѓу овие републики и постои силен сепаратизам.
Северна Осетија – Аланија е уште една од руските републики во Северен Кавказ, каде што мнозинство се православни Осетијци кои ги има околу 63 отсто, додека Руси има 23.
Кабардино-Балкарија се наоѓа северно од Кавказот и е населен со Кабардинци, нрод со черкеско потекло, кои ги има 55 отсто, а Балкари има 11 проценти.
Калмикија е република во европскиот дел на Русија, каде монголските Калмици од будистичката религија сочинуваат 53 отсто од населението.
Башкортостан или Башкирија се наоѓа во југоисточниот дел на европскиот дел на Русија, која се граничи со Татарстан. Муслимански Башкири заедно со сродните Татари го сочинуваат мнозинството во оваа република, додека Русите имаат 36 проценти.
Карелија е република во самиот север на Европа, а Русите се огромно мнозинство од ги има 76,6 проценти. Карели, народ сличен на Финците, има помеѓу седум и девет проценти.
Во географската близина, во самиот центар на европскиот дел на Русија, постојат три национални републики угро-фински народи. Прво, Република Мариј Ел, каде живее народот Мари кои го чинат 43 проценти од населението. Повеќето од нив се православни христијани, но и оние кои ја следат нивната национална религија. Втора Република е Мордовија, каде Мордори по последниот попис има 40 проценти, додека Руси има 53 проценти. Православните христијани имаат апсолутно мнозинство. Трета е Удмуртија во која живеат Удмурти кои ги има помалку од 30 отсто, додека поголемиот дел се Руси.
Јакутија или Република Саха е најголема од сите руски федерални единици и кога би била независна држава би била осма земја по големина во светот. Тоа е поголема од Аргентина и е само малку помала од Индија. Таа се наоѓа во североисточниот дел на азиска Русија, во Сибир и е населена претежно со Јакути, турски народ, кои сочинуваат 50 отсто. Руси има 38. Мнозинството од вкупното население се православни христијани, но постојат голем број на следбеници на шаманската религија: 13 проценти. Ова е еден од најбогатите природни региони во светот, каде што има големи резерви на нафта, гас, јаглен, дијаманти, злато, сребро, калај, волфрам и други.
Република Алтај се наоѓа во срцето на Азија. Русите го сочинуваат мнозинството од населението, а турски Алтајци има 30 проценти. Тива е република која граничи со Алтај и во неа мнозинството се Тиванци, монголски народ, кој го има 82 проценти, додека Руси има само 16 проценти. Тоа е географски центар на Азија. Со неа граничи Бурјатија, република каде што апсолутно мнозинство се Русите, а каде монголските Бурјати сочинуваат околу 28 проценти.
Со овие три републики граничи Хакасија, каде турските Хакаси, по кои државата го носи името, го сочинуваат само 12 проценти. Руси во неа има повеќе од 80 проценти.
Она што додатно ја комплицира ситуацијата за сепаратистите, а за Москва го прави полесно, е тоа што – како што можете и да видите – етничките групи во многу од нејзините титуларни републики воопшто не се мнозинство. Да се обидеме целосно реалистично да ја замислиме ситуацијата во поранешните советски републики, а откако се позанимававме со руските малцинства ко