33-годишен руски мултимилионер Павел Ушанув, директор на телекомуникациската компанија “Devino Telecom” моментално е во бегство, откако брутално ја истепа својата девојка.Имено, Ушанов својата 27-годишна девојка Александра Середа безмилосно ја истепал – речиси до непрепознатливост, кога му соопштила дека таа одлучила да го остави.
Александра после две години врска решила да го напушти младиот милионер, што во него предизвикало таков бес, што во истиот момент отишол во нејзиниот стан и почнал да ја тепа штом ја отворила вратата. Оваа Русинка тврди дека крвнички ја удирал по рацете и нозете цели 10 минути. Кога успеала да изусти дека ќе ја убие ако не запре да ја тепа, тој одговорил: “Па, тоа е она што го сакам.”
Таа на крајот сепак, некако успеала да избега од станот, а веднаш отишла и во полиција, од каде брза помош ја однела во болница.
– Кога ги видов своите фотографии по нападот, изгледав како зомби во хорор филм – рекла Александра.
Ушанов исчезнал, а за него е распишана меѓународна потерница.Имено, Ушанов својата 27-годишна девојка Александра Середа безмилосно ја истепал – речиси до непрепознатливост, кога му соопштила дека таа одлучила