ФОТО: Руските специјалци пронајдоа остатоци од мистериозно чудовиште

Непрепознатлив костур со долго тело, остри заби и крзно, кое наликува на чудовиште од хорор филмовите, беше пронајдено на рускиот брег и фотографирано од страна на припадниците на руските специјални сили.Остатоците од необичното суштество беа откриени на бреговите на Сахалин, островот во најисточниот дел на Русија кој се наоѓа во близина на Јапонија. Од руските сили беше побарано да го отстранат трупот и да спроведат подетална истрага за потеклото на непознатиот костур.
Веднаш се појавија поделени теории: дека овие остатоци би можеле да му припаѓаат на некое праисториско суштество, но и дека станува збор за голем белуга кит.
Но, првичните тестови на коските и забите покажале дека не станува збор за риба, додека изгледот на скелетот ја исклучува можноста тоа да биде крокодил или алигатор.
Сепак, откако морските експерти ги погледнале сликите на скелетот и набрзо заклучиле дека тоа дефинитивно е белуга кит.
Минатата година, остатоци од суштество со сличен изглед испливале во Виларикоса, во Шпанија. Меѓутоа, поради нивото на распаднатоста на трупот, потеклото на суштеството останало непознато.
Остатоците од необичното суштество беа откриени на бреговите на Сахалин, островот во најисточниот дел на Русија кој се наоѓа во близина на Јапонија

Пронајдете не на следниве мрежи: