По неуспешниот обид насилно да влезат и да го запалат Уставниот суд, приврзаниците и членовите на СДСМ распалија со говорот на омраза на социјалните мрежи.Очигледно ги разлути дебаклот, бидејќи на терен не можеше да се види масовноста која ја најавуваа.
Напротив, останаа само стотина партиски активисти и соросови платеници пред Музејот на македонската борба откако увидоа дека граѓаните нема да дозволат Заев пред нивни очи да атакува на државните институции.
Имено, Томе Мурадинов вработен во СДСМ на социјалните мрежи бара кандидати за силување на уставните судии.
-Има ли кандидати доброволци да ги силуваме петте уставни судии кои што сакаат да амнестираат педофили? Само имам една желба, сакам мене да ме „помилува“ Маја!, пишува Мурадинов на социјалните мрежи.
Инаку, на другата страна пред Уставниот суд од момент во момент доаѓаат се повеќе граѓани и групата се зголемува. Граѓаните таму велат дека се задоволни што успеале вечерва да ги одбранат институциите.
-Нема да дозволиме Заев пред наши очи да ја урива државата. Остануваме тука колку што треба. Секогаш која ќе помислат дека можат да си играат со Македонија нека се сетат дека ние сме тука и тоа нема да го дозволиме, велат граѓаните.
Очигледно ги разлути дебаклот, бидејќи на терен не можеше да се види масовноста која ја најавуваа.
Напротив, останаа само стотина партиски