Комуналните инспектори во Струга им забраниле на граѓаните да поставуваат македонски знамиња на јавни места. На оние јарболи на кои успеале да постават македонскoто знаме , непознати лица веднаш ставале и албански – пренесува Први.мк.Невладината организација „Каприкорн“ од Струга вчера ги повика Македонците во пресрет на празникот ,,11 Октомври,, сами да постават македонски знамиња, бидејќи локалната власт не поставува државни знамиња на национални празници.
Граѓаните на Струга самоиницијативно да постават македонско знаме балконите од своите домови по поводдржавниот празник, 11 Октомври. Невладината организација Капрокорн со апел до стружани, да му испратат силна порака на градоначалникот Зијадин Села, кој како што велат, за време на државните празници, не поставува македонски знамиња во градот, или пак тие се поставуваат на незначително мал број локации.
Од организацијата апелираат до сите граѓани кои во домот немаат македонско знаме ги контактираат за да можат да им достават.
Интересот е огромен значи во текот на денешниот ден се јавија околу седумстотини граѓани да подигнат знаме. Но имавме проблеми со општинската власт се појави комунален инспектор и не спречи во нашата активност. Веднаш прекинавме да поставуваме знамиња иако не постои законска одредба да не спречи македонското знаме да се поставува во пресрет на празник, вели за „Охриднет“. Васко Јолески од “Каприкорн 2010” Струга.
Онаму каде што македонците поставуваат македонски знамиња низ градот, веднаш до нив непознати личности ставаат албанско знаме. Стружани се сомневаат дека тоа го прави јавното комунално претрпијатие.
Во Струга редовно не се истакнува државното за сметка на албанското знаме на значјни празници.Невладината организација „Каприкорн“ од Струга вчера ги повика Македонците во пресрет на празникот ,,11 Ок