Фото: Си ги продадовме магарињата сами сме криви-Магарешко сирење во Србија 1000 евра/кг-Магарињата наши!

Во Македонија се потсмеваме со магарањата, а и со оние кои ги чуваат. Епа затоа сега Србинот Слободан Симиќ со македонски магариња го прави најскапото сирење во светот.Сирењето се вика Пуле, што значи магарешко ждребе, а се прави од магарешко млеко, се произведува во Србија. Сирењето е комбинација од 60% магарешко и 40% козјо млеко.
Се произведува само на едно место – во специјалниот резреват ,,Засавица,, чии директор е Слободан Симиќ, Тој 10 години низ просторите на екс Југославија купувал магариња и сите му се смееле – но денес се каат.
Слободан во шталите денес има 120 магариња. А првите магариња ги купил во Македонија и Рашката област за цена од 150 евра, изјави Слободан за српски Телеграф. Од магарињата од Македонија го добил млекото за стартот на производството на ,,Пуле,, сирење за кое тврди дека ќе стане светски бренд и најдоброто од Србија.

 
Ова сирење е скапо бидејќи за да се направи само еден килограм потребни се 25 литри млеко, за што на магарицата и треба 6 месеци да ги даде. Килограм од ,,Пуле,, чини илјада евра.
Годишно се произведат ограничени количини – од 100 до 150 килограми. Пакувањато е 50 грама и е само за извоз. Успеал да направи навистина екслузивен производ.
Сирењето е сушено на чад во специјална просторија. До сега најскапо сирење во светот беше од млекото на лос и чинеше 500 евра, но магарешкиот е многу подобар, тврди Слободан.
Повеќе на mkd-news.com

Пронајдете не на следниве мрежи: