Невремето со силен дожд и ветер што вчера попладне го зафати Скопје предизвика проблеми во сообраќајот.Покрај поплави од краткотрајниот интензивен дожд на улиците беа паднати гранки од дрвја. Најкритични беа кружниот тек кај хотел „Континентал“, како и подземните премини кај Бутел и булевар „Србија“. Паднати се дрва, гранки, невремето создаде хаос.
Покрај во Скопје невреме со посилен интензитет имаше и во Струмица и во Штип.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 17 часот попладне најмногу дожд наврна во Берово, 26 литри на метар квадратен, 10 во Пожар шест во Скопје Зајчев Рид …
УХМР најави дека од денеска до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.Покрај поплави од краткотрајниот интензивен дожд на улиците беа паднати гранки од дрвја. Најкритични беа кружниот тек кај хотел „Контин