ФОТО: Синот игра фудбал со Груевски, а таткото протестира

Додека таткото секојдневно протестира низ скопските улици и е дел од таканаречената „шарена револуција“ на опозицијата, неговиот син редовно игра фудбал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пишува Курир.Имено, на протестите организирани од СДСМ изминатиов период во првите редови може да се забележи и Гоце Јовчев (во маица со лого на СЈО), кој инаку е татко на познатиот македонски голман Гого Јовчев.
За разлика од неговиот татко, голманот Јовчев кој од неодамна е и нов тренер на голманите во сениорската фудбалска репрезентација, редовно може да се забележи на партија фудбал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
И вчера попладне, Груевски со своите пријатели и сопартијци изигра партија фудбал во салата „Јане Сандански“ во Аеродром. На спортското дружење можеа да се забележат и пратеникот Влатко Ѓорчев, лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Неловски , директорот на УЈП Кирил Миновски, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, директорот на Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, заменик-министерот во МИОА Тимчо Муцунски, професорот на ДИВ Зоран Радиќ, Драги Митевски- Пикси, Звонко Златановски, Драги Михајлов, другари од детството на Груевски и други.
Имено, на протестите организирани од СДСМ изминатиов период во првите редови може да се забележи и Гоце Јовчев (во маица со лого на СЈО), кој инаку

Пронајдете не на следниве мрежи: