На еден интернет сајт во Босна се појавил оглас на „платен убиец“ кој наведува дека е подготвен на се за 10.000 конвертибилни марки (околу 5.000 евра) „по глава“. Огласот по интервенција на корисниците е тргнат пренесуваат локалните медиуми.
Огласот бил прегледан повеќе од 12.000 пати, пред да биде отстранет, поради несоодветната содржина.
Администраторите изјавуваат дека често има „шеговити“ и нападни содржини и дека секако се отстрануваат истите, доколку корисниците тоа го бараат. Исто така велат дека дневно објавуваат повеќе од 10.000 огласи и дека не можат да ја контролираат секоја содржина.
-Ни се јавија неколку корисници кои бараа од нас да го тргнеме овој оглас и тоа го направивме. Луѓето многу фантазираат и немаат граници. Сите злоупотреби може да се пријават кај нас, а ќе го санкционираме секој кој навредува или ги злоупотребува туѓите податоци. Неодамна во системот ги вметнавме и домашните адреси за да знаеме со кого имаме работа- вели еден од администраторите.
Коментарите на овој оглас биле шеговити некој дури понудил и замена за автомобил.
Ова не е единствен „необичен“ оглас кој може да се најде на интернет. Некој во огласите продаваат магла, поволно и тоа убаво спакувана. Слични шеговити огласи се чести на интернет сајтовите.
Погледнете го огласот.
На еден интернет сајт во Босна се појавил оглас на „платен убиец“ кој наведува дека е подготвен на се за 1