Три лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа меѓу 4 возила која вчера попладне околу 17:30 часот се случила на патот Охрид-Ресен кај депонијата „Буково“.Според информациите од полицијата во несреќата учествувале „Голф“ со битолски таблички управуван од 20 годишниот битолчанец Х.С., „Цитроен“ кој го управувал И.П. (33) од Битола, „Сеад Кордоба“ во скопски ознаки управуван од скопјанецот С.Б. (44) и „Фолгсваген Пасат“ со битолски таблички управуван од 30 годишниот С.Т. од Горно Оризаре, битолско.
-Незгодата е случена во момент кога возачот на „Голфот“, движејќи се од правец на Охрид кон Ресен, во близина на депонијата започнал да престигнува колона на возила а од спротивен правец се појавило возилото „Цитроен“. Сакајќи да избегне директен судир, возачот на автомобилот „Голф“ се вратил на десната сообраќајна лента, но изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот на десната страна. Во истиот миг, второто возило марка „Цитроен“ кое се движело од правец на Ресен кон Охрид преминало на левата сообраќајна лента и со предниот лев дел се судрило со предниот лев дел од третото возило марка „Сеат Кордоба“ кое се движело од Охрид према Ресен при што од силата на ударот излетало надвор од коловозот на десната страна. Четвртото возило марка „Пасат“ кое се движело во колона од правец на Охрид кон Ресен со цел да избегне судир изгубило контрола и исто така излетало надвор од коловозот на десната страна, информираат од СВР Охрид.
Полесно повредени се две женски лица, М.Б. (15) и Л.Б. (44) од Скопје и 19 годишниот битолчанец А.Р. на кои им е укажана лекарска помош во охридската болница каде се задржани на понатамошно лекување.
фото: Ѕид на сообраќајниот срамСпоред информациите од полицијата во несреќата учествувале „Голф“ со битолски таблички управуван од 20 годишниот битолчанец Х.С.,