До пред една година Бетовен бил едно сакано и негувано домашно милениче. Но топлината на домот ја замениле ладните скали во зграда во Тузла. Сопственикот го исфрлил од станот и си земал ново куче.Неговиот сопственик си земал ново милениче од расата кралска пудла. И покрај тоа што газдата го напуштил, Бетовен не се откажува од него. Веќе една година спие на скалите во зградата во која живее неговиот сопственик, и трпеливо чека да помине со новото милениче, и насекаде ги следи со весел чекор.
– Колку е тоа тажно, сиротото куче постојано оди по нив. Колку само има верност во тоа срце. Не се откажува ни дури кога сопственикот го мава со камења, го брка со стап…само малку ќе се повлече и за неколку секунди повторно е зад нив – вели Мајда (20), студентка на медицина, која а Бетовен дознала од внуката која живее во истата зграда на суровиот газда на Бетовен.
– Одлучив да му помогнам на кучето бидејќи со тоа се занимавам веќе подолго време. Веќе разговарав со неколку добри луѓе кои ќе ми помогнат кучето да го сместам во добар пансион, каде ќе го прегледаат ветеринарите. Желба ми е малку да се опорави, а подоцна ќе му извадам документи за вдомување – вели Мајда со оптимизам.
– За Дандија, како јас што го нареков кучето, најдобро би било да остане овде, но тој постојано ќе се враќа дома – пред зградата на сопственикот, – вели Мајда.
Кога пораснал голем Бетовен, одлучил да го исфрли од дома
– Тоа е моето поранешно куче и се вика Бетовен. Јас скратено го викам Бети и стар е околу 20 месеци. Го најдов во кутија помеѓу зградите, ми се допадна па го зедов со себе. Порасна голем и повеќе неможев да го чувам во станот во кој живеам со мајка ми. Го пуштив надвор, но соседите почнаа да се жалат, па го однесов малку подалеку од нашата зграда – ладно говори Мустафа Порчиќ (50).
Додава дека си набавил кралска пудла, а Бетовен станал љубоморен бидејќи него не го носел во станот.
– Јас не го тепам, вистина е дека понекогаш малку му викам кога лае на децата. Би ми било мило кога некој би го вдомил – заклучува Мустафа. Сите кои го сакаат Бетовен или сакаат да и помогнат на Мајда во собирањето донации за трошоците за вдомување можат тоа да го направат на Фејсбук, доволно е да станат нејзини пријатели.Неговиот сопственик си земал ново милениче од расата кралска пудла. И покрај тоа што газдата го напуштил, Бетовен не се откажува од него. Веќе една



