Фото: Станот на Станија

На овие фотографии ќе може да погледнете како изгледа станот на Станија.
Станија вели дека го обожава својот стан,  најмногу и се допаѓа тоа што е во центарот на градот а сепак се наоѓа во мирен кварт.  Таа откри дека платила 1.500 евра за метар квадратен. Станија смета дека станот и е најдобра инвестиција до сега, и се надева дека во иднина ќе може да си дозволи поголем стан , а овој да и служи како канцеларија.

Од фотографиите може да се забележи дека нејзниот стан е главно во бела боја со мали розеви и сребрени додатоци. Во однос на бојата таа изјави дека и е жал што додала розеви додатоци, затоа што така нејзината соба добила тинејџерски изглед.
 

Како и секоја девојка, така и Станија големо внимание посветува на облеката. Па така во нејзиниот стан се наоѓаат два огромни плакари. Таа на смеа изјавува дека во нив се наоѓа најголемото богатсво што го поседува.  Имено, таа сама си го нацртала орманот односно неговиот дизајн и големина.

Станот на Станија има 28 квадрати, кога тоа би го помножиле по 1.500 евра би добиле повеќе од 40.000 евра. Но кога би го додале тоа што го вложила во него, се добива паричен износ кој ретко која 27- годишна девојка тешко може да ја заработи.  Не е чудно што многу малку луѓе веруваат дека сето тоа сама го заработила во Америка.

Во врска со тоа, таа изјави дека станот сама си го заработила и дека никој не и го подарил, никогаш во животот немала спонзори . Станија додаде дека е горда што успеала да заштеди, и дека во Америка била еден од најдобрите работници. Таа откри дека имала предлог да добие подарок бел mustang но таа го одбила предлогот, затоа што Русинот кој и го предложил тоа побарал таа да се забавува со него.

Патем, Станија изјави дека знае да готви, но не некој специјални рецепти, сепак, кога има време ужива во готвењето. Откри дека додека спрема испити ужива во слатки.

Но освен за својот стан, Станија откри нешто за својот љубовен живот со познатиот Русин. Таа изјави дека скоро четири години  поминале заедно, се забавувале но, тој ја оставил неа бидејќи таа долго се задржала во Србија. Имено, тие пробале да живеат заедно, што неа на некој начин тоа ја исплашило. 

Имено, Станија ја поврзуваат и со многу српски спортисти. На крај таа изјави дека полесно и е да се слика гола отколку да зборува за љубовта.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На овие фотографии ќе може да погледнете како изгледа станот на Станија.
Станија

Пронајдете не на следниве мрежи: