Поп-пејачката Мадона е ѕвезда која сака да изгледа атрактивно, а своите години ги крие како „змија нозе“. Но неодамна на концертот „Chime for Change“, предизвика многу реакции кај публиката. Таа се одлули за црн фустан и на рацете носеше црни ракавици. Но, комбинацијата не беше она што ги збунуваше другите. Сите го гледаа нејзиното лице.
„Браво Мадона, одчичен говор…. но се обидувам да не гледам што си направила со своето лице“- напиша една девојка на Твитер.
„Постојано им зборувам на луѓето дека сакам да започнам револуција, но револуција која не вклучува насилство. Мојата револуција ќе започне со едукација. Не можеме да го промениме овој свет, но не смееме да се однесуваме еден кон друг без почит. Нека оваа вечер биде почетокот на нашата револуција, знаењето не е луксуз, тоа е основно човеково право“- порача Мадона.
Додека пејачката зборуваше, на Твитер постојано имаше нови коментари. Еден од нив беше „Престани да си играш со своето лице, некогаш изгледаше слатко, сега си само чудна“.Следниот беше „Мадона изгледаш смешно, зошто некој ти го направил ова?“…
Поп-пејачката Мадона е ѕвезда која сака да изгледа атрактивно, а своите години ги крие како „змија нозе“.