Фото: Што се криело на местото каде е изграден Градскиот саат во Прилеп?

Ја знаете ли историјата на Градскиот саат во Прилеп?!Овој Градски саат кој денес го краси центарот на Прилеп е изграден во турско време. 
Местото каде што денес се наоѓа саатот се викало Шукуроски Ливади. Кога мајсторите почнале да ги копаат темелите се појавила голема вода. 
Мајсторите кои тогаш работеле на изградбата на саатот, Коста и Перо Лауца од Прилеп влегле длабоко во водата околу шест метри. Тие кога се спуштиле во водата откриле дека таму извира извор. 
Се договориле да го затрупаат изворот. Тие со многу маски и магариња дотерале триесет и шест товари вар. Варта ја истуриле долу, а фрлале и чакал. Со тоа изворот бил успешно затрупан. 

Во прво време некој си мајстор кој се викал Есат, се пазарел да се изгради саатот во центарот на Прилеп. Откако се испазарил за триста и шеесет илјади гроша, тој почнал да работи неколку дена на изградбата на саатот. 
За време на ѕидањето саатот малку се навалил. Мајсторите со мереше утврдиле дека саатот се намалил за десет сантиметри. Цели 12 години тие го граделе Градскиот саат во Прилеп и откако го изградиле на предната страна напишале: „Секое удирање на саатот човекот треба да се сети, оти животот му се крати“!
Градскиот саат во Прилеп почнал да се гради во 1863-та година и од тогаш му дава посебен сјај на градот. Овој Градски саат кој денес го краси центарот на Прилеп е изграден во турско време. 
Местото каде што денес се наоѓа саатот се викало

Пронајдете не на следниве мрежи: