Екипата од агенцијата Анадолија го посети локалитетот во Горна Саница, каде се направи дупка под езерото која се уште „голта“ се пред себе. Сега е широка од 50, а длабока од 30 метри.Веќе половина месец ова „чудо“ ги загрижи мештаните на Кључ, кои веќе почнаа и да ги напуштаат своите домови кои се наоѓаа околу езерото. Дупката која секој ден се повеќе расте нанесе штета и на водоводната цевка, која се наоѓа на местото на одронот. Стебло од слива „падна “ во дупката и за некое време исчезнала.
Стручните лица сметаат дека станува збор за тектонски пореметувања поради кои земјата се померува и се појавуваат кратери на површината од земјата, или пак се работи за некои подземни води.
Мештаните сепак веруваат во нешто друго. На езерото имал викендица Хасан Џемаил, стар човек кој уживал пиејќи кафе на својата тераса. Во езерото имало риба и мал сплав. По 40 дена од неговата смрт се отворила дупка која ги проголтала неговите риби, и сплавот. Мештаните на овој крај веруваат дека оваа појава е поврзана со смртта на Џемаил и сите поврзуваат дека ова се случува бидејќи тој „сака езерото да го однесе со себе“.
Пред оваа појава езерото било бистро, а рибите кои се наоѓале во него јасно можеле да се видат, а денеска водата е матна и рибите се мртви.Веќе половина месец ова „чудо“ ги загрижи мештаните на Кључ, кои веќе почнаа и да ги напуштаат своите домо