ФОТО: Стотици волонтери од Прилеп помагаат во скопско

Стотици прилепчани, доброволци, по повикот на локалната самоуправа и кризниот штаб и денеска заминаа да помогнат во регионите зафатени од поплавите.Волонтери, пристигнаа од ВП Прилепско поле, работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп, екипи од противпожарната единица, Македонски шуми – „Црн Бор“, ЈКП „Комуналец„ и „Водовод и Канализација„ брзата медицинска помош и граѓани – доброволци, кои опремени со лопати, чизми и механизација,  повторно рано утринава се упатија кон скопско, Стајковци.
Некои од волонтерите денеска одат по вторпат и велат дека ако е потребно и во следните денови повторно ќе се најдат на терен, да им помогнат на загрозените семејства од поплавите.

Во текот на вчерашниот ден прилепските екипи, беа лоцирани во скопско Стајковци, според организационата поставеност од ДЗС.
Локалната самоуправа и денеска го отвора телефонскиот број, 048/401 701, за сите волонтери кои сакаат да се пријават за помош при расчитување на поплавените куќи во скопско, при што сите доброволци треба да остават име, презиме и телфонски број за контакт.

Воедно, граѓаните можат да продолжат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400Волонтери, пристигнаа од ВП Прилепско поле, работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп, екипи од противпожарната единица, Македонски шуми

Пронајдете не на следниве мрежи: