Демонстрантите во Киев го пробија кордонот околу Парламентот и се обидуваат да влезат во зградата, јави ИТАР-ТАСС.Обезбедувањето на Парламентот се повлекло во блискиот парк. Полицијата тврди дека демонстрантите ги радикализирале своите акции и со себе носат огнено оружје и куршуми.
– Од зградата на Парламентот почна итна евакуација, изјави пратеникот Володимир Литвин.
Во зградата на владата во Киев почна евакуација откако локалните медиуми објавија дека демонстранти упаднале во објектот.
Руските медиуми јавуваат дека на сите вработени им е наредено итно да ја напуштат зградата.
Според локална телевизија демонстрантите нападнале и полициски кордон околу плоштадот „Независност” и држат како заложници неколкумина припадници на специјалната полиција „Беркут”.
Припадници на специјаланата полициска единица „Беркут” претходно презедоа акција и се обидуваа да ги растераат демонстрантите од киевскиот плоштад „Независност”. Во операцијата се употребуваа шок-бомби и гумени куршуми. На плоштадот се слушаа силни експлозии и се издига црн густ чад.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од зграда во близина на плоштадот се пука врз полицијата, при што се повредени четворица полицајци.
Бројот на жртвите во судирите во Киев достигна 28 луѓе, според најновите податоци од украинското Министерство за здравство.
Тројцата министри за надворешни работи од ЕУ го напуштија Киев без да се сретнат со украинскиот претседател Виктор Јанукович, откако во центарот на престолнината повторно избувнаа крвави судири меѓу силите на редот и демонстрантите.
– Тие си заминаа, немаа средба со претседателот поради безбедносни причини, изјави дипломатски извор за ИТАР ТАСС.
Во Киев денеска средби со украинската власт и со опозицијата требаше да одржат министрите за надворешни работи на Франција, Германија и на Полска, Лоран Фабиус, Франк-Валтер Штајнмаер и Радослав Шикорски.Обезбедувањето на Парламентот се повлекло во блискиот парк. Полицијата тврди дека демонстрантите ги радикализирале своите акции и со себе носат огн
Пронајдете не на следниве мрежи: