Фото: Таа 7 години секој ден пиела по 4 енергетски пијалаци: Погледнете на што личи денес нејзиното тело

Дион Парат била 7-ми клас во нејзиното училиште во Англија, кога одлучила да започне со диета, бидејќи не била среќна со изгледот на своето тело. На возраст од 11 години, таа повеќе или помалку престанала да јаде.За да ја задржи својата енергија во текот на денот, Дион започнала да пие се повеќе и повеќе енергетски пијалаци.
Својата исхрана ја претворила во крајна зависност и со години пиела најмалку по 4 енергетски пијалаци секојдневно. Седум години подоцна, таа го објави на Фејсбук она што се случило со нејзиното тело:
„Свесна сум дека сега изгледам ужасно, но тоа е она што се случува кога своето детство ќе го минете во пиење на енергетски пијалаци. Денес јас сум заглавена со жици и голема кутија. Пред да започнете да ги пиете евтините енергетски пијалаци, размислете добро за она што ќе му го направите на сопственото тело. И секој кој што е родител, не смее да му дозволи на своето дете да пие енергетски пијалаци, а истите треба да бидат забранети!“
Денес, Дион има сериозни проблеми со срцето и мора да носи ЕКГ- монитор. Пред лекарите да и’ ја постават дијагнозата, Дион имала два абортуси. Кога заминала на лекар со тешка срцева мана, се уверила дека таа има опасно низок крвен притисок. Тоа била причината за губење на двете неродени бебиња.

Експертите предупредуваат дека дури и со 2 енергетски пијалаци на ден, се внесува опасна доза на кофеин во телото. Оваа доза е уште поопасна за помалите деца и тинејџерите. Пиењето по еден енергетски пијалак ги зголемува шансите за трајно оштетување на срцето.
Пијалаците што содржат висока содржина на кофеин, го зголемуваат крвниот притисок, пулсот и го активираат мозокот. Ако консумирањето на ваквите пијалаци стане навика, вашето тело може да претрпи сериозни последици при апстиненција: исцрпеност, главоболка и депресија.
Она што е најстрашно е фактот што оваа девојка не е прв случај, веројатно нема да биде ни последна жртва на овие популарни пијалаци. За жал, Британецот Дин Вармби починал од предозирање.
Она што важи за повеќето нешта во животот – балансот е клучот, треба да важи и за енергетските пијалаци. Пред да се вклучи алармот и да се побара целосна забрана за продажба на енергетските пијалаци, не заборавајте дека тие се едни од најрекламираните пијалаци кои можат да се најдат насекаде, во поголемите продажни ланци. Затоа, не дозволувајте работите да излезат од контрола, како што тоа се случило со Дион. Таа сега ја плаќа цената на својата одлука од младоста.За да ја задржи својата енергија во текот на денот, Дион започнала да пие се повеќе и повеќе енергетски пијалаци.
Својата исхрана ја претво

Пронајдете не на следниве мрежи: