Фото: Таа е вистински пример за сила и истрајност: „Зошто плачеш мамо, тоа е само рак…“

Иако живее со една нога, Келси не дозволува ништо да ја спречи да си ги оствари плановите и целите за во иднина…На Келси во 2011 година и бил дијагностициран рак на коските, а потоа во 2012 година, кога имала само 12 години, започнала со хемотерапија. Но, сепак, експертите од оваа област заклучиле дека ампутацијата и е единствената шанса.
– Срцето ми се скрши кога лекарите ми рекоа „или нога или живот“. Но после се што поминав, не ми беше тешко да донесам одлука. Конечно се ослободив од болките и можам да почнам да го живеам својот живот, вели Келси.

Ова 15-годишно девојче конечно се ослободило од болките откако и била ампутирана ногата.
– Таа е неверојатна. Иако е млада, стоички се избори со се. Дури и за време на хемотерапиите се смееше. Беше ужасно да ја гледам како се мачи со болки. А таа беше така храбра. Ми зборуваше дека нема да ме напушти и „зошто плачеш, тоа е само рак“, вели нејзината мајка Ким (41).
На Ким сега и е полесно затоа што гледа дека нејзината ќерка нема болки по ампутацијата.
– Сега кога ми ја ампутираа инфицираната нога, конечно можев да продолжам со својот живот. Повеќе не дозволувам ништо да ме растажи. Веќе неколку часа по операцијата станав од кревет. Цел живот е пред мене, вели Келси.

Келси силата ја нашла во мајка и и своите браќа и сестри, а особено во сестрата близначка, Кари.
– Мојата сестра ми е инспирација. Многу сме блиски, па ми беше неверојатно тешко додека таа се бореше со ракот. Беше фантастична цело време и сите сме пресреќни што таа е повторно добра, вели Кара.
Келси сега повторно може да ужива во пливање и сака да се проба себеси во лизгање на мраз.
– Се вратив во училиште и сите мои пријатели ми се голема поддршка. Се уште учам да одам на вештачка нога, но ќе совладам, оптимистична е Келси.
Нејзината приказна е вистински пример за оптимизам, истрајност и упорност.На Келси во 2011 година и бил дијагностициран рак на коските, а потоа во 2012 година, кога имала само 12 години, започнала со хемотерапија. Но, сеп

Пронајдете не на следниве мрежи: