Дон Шо (48) поради тежок здравствен проблем во детството, денес нема половина вилица, но после низа пластични операции одлучи да престане и да се прифати себе си онаква каква што е. Нејзиниот необичен изглед и донел многу навреди, понижувања и избегнувања во животот – но низ сето тоа сфати една лекција која сега сака да ја сподели со сите нас.Штом се родила, на докторите им било јасно дека нешто со Дон не е во ред. Ја однеле во хируршката сала каде откриле дека има голем тумор кај душникот, и веднаш го отстраниле. За жал неколку месеци подоцна туморот се вратил, а докторите утврдиле дека единствен начин за да го отстранат е да и отсечат дел од вилицата.
Иако таа операција и го спасила животот, оставила стресни последици, со кои Дон со години се обидувала да се помири. Откако половина од животот го поминала обидувајќи се со пластични операции да го среди својот изглед, на крајот се откажала и решила да се прифати себе си онаква каква што е.
– Кога некој сега би ми рекол дека утре може да ме среди, не би се согласила. Не дозволувам изгледот да ме дефинира. Ми требаше многу време за да го прифатам тоа, но не дозволувам тоа што некои би го нарекле деформитет, да ме спречи во уживањето во животот – вели Дон.
После низата пластични операции, со кои се обидела да изгледа како и сите останати, сфатила дека хирургијата не може да и ги среди емотивните проблеми. Тие проблеми не ги стекнала поради туморот, туку поради тешките зборови кои со години ги трпела.
– Повеќето од нив ги блокирав, но се сеќавам на едно дете кое ме чекаше после училиште само за да ме праша како воопшто можам да се погледнам во огледало. Но, јас сум отпорна, па иако нивните зборови ме навредуваа, и понатаму имав самодоверба. Имав и фантастична поддршка од страна на родителите….Така да, ДА, бев на мета на навреди, но исто така почувствував и љубов и заштита – вели Дон.
Сепак, потрагата за љубов не била лесна, па во дваесетите години завршила во врска со еден наркоман. Мислела дека ќе може да го промени, да му помогне, но само си наштетила себе си. За среќа една година по раскинувањето, го пронашла човекот на својот живот – Шоа, со кој сега слави 20 години од бракот.
Се прифатила себе си таква каква што е – и сега сака на цел свет да испрати порака дека е во ред да се биде поинаков, и дека не смеете да дозволите туѓите зборови да ве уништат. Таа сега пишува книга и држи инспиративни предавања и им порачува на луѓето ширум светот:
– Научете првенствено да бидете добри кон себе и да се обиколите со луѓе кои навистина многу ве почитуваат.
Штом се родила, на докторите им било јасно дека нешто со Дон не е во ред. Ја однеле во хируршката сала каде откриле дека има голем тумор кај душник



