ФОТО: Таа од девојче со пеги стана секси типка и сега заработува пари!

Келси Свигарт обожува да се шминка и од дома не излегува ако не ги среди веѓите, ако не стави маскара и ајлајнер. Сепак, се труди нанесувањето на шминка да го сведе на минимум. Во детството нанесувала многу пудра, коректор и други видови на подлоги за да ги сокрие своите пеги.„Децата често ме исмеваа поради пегите, па затоа секогаш ги сокривав. Кога пораснав, престанав да се грижам за тоа што мислат другите луѓе за мене. Мислам дека тогаш почнав да ги сакам моите пеги“, вели младата шминкерка од Индијана.
Келси се најде во центарот на вниманието на корисниците на социјалните мрежи откако им се појави нејзиното селфи за предизвикот „Моќта на шминката“. Како дел од овој предизвик, оние кои учествуваат во него треба да нашминкаат само половина лице за да дојдат до израз разликите помеѓу левата и десната страна.
За својот предизвик, оваа Американка одбрала гламурозен вечерен изглед со нагласени очи и усни, а употребила седум различни производи за прекривање на пегите. Иако во секојдневниот живот не користи толку шминка како на фотографијата за виралниот предизвик, нема ништо против тоа да го прават другите жени.
„Мене не ми е важно зошто некој се шминка, сѐ додека го прави она што го прави среќен. Ако ти треба шминка за да се чувствуваш убаво, тоа е во ред. Никогаш не би требало да се чувствуваме посрамено затоа што сакаме да се шминкаме“, порачува Келси.

 
Round 3 of #thepowerofmakeupchallenge. Thank you all again for the awesome kindness and support you've given me! I want to be a voice for all of you who love makeup and are afraid to do it because society thinks you shouldn't. If you do your makeup you're high a “high maintenance, materialistic bitch”. If you don't do your makeup you're an “ugly slob who doesn't care for yourself”. You just can't win these days #makeuphall
A photo posted by Kelsie Swygart (@freckles_and_full.glam) on Sep 5, 2016 at 9:28am PDT

„Децата често ме исмеваа поради пегите, па затоа секогаш ги сокривав. Кога пораснав, престанав да се грижам за тоа што мислат другите луѓе за

Пронајдете не на следниве мрежи: