Храбрата тинејџерка Лесли Ривер (18), последните месеци се бори со тешката форма на леукемија, но меѓу лошите вести и редовните посети на болниците, успеа да најде време за да ја оствари својата најголема желба – да се мажи.Со помош на Фодацијата „Исполни ја желбата“, која работи на остварување на желбите на оние кои боледуваат од некоја смртоносна болест, беше остварен сонот на Лесли да се омажи за нејзиното момче Дениел Мендез, кој се грижи за неа од како и е дијагностицирана леукемија.
Лесли и Дениел се запознале на собир против расизмот кон крајот на минатата година и од тогаш се неразделни.
Откако заврши во болница често гледала ријалити шоуа поврзани со венчавки, по што Дениел ја контактирал Фодацијата „Исполни ја желбата“ и побрала од водителот Дејвид Татер да му помогне околу плановите за венчавка.
– За само неколку дена Дејвид почна со работа, а неговата екипа го испланира секој детаљ за овој важен ден, изјави претставничката на Фондацијата, Сара Пизарусо.
Лесли посакала венчавка како на филм, а Дejвид се погрижил да и ја исполни желбата.
– Лесли едноставно зрачеше, се дружеше со гостите и беше насмеана. Никогаш не би рекле дека е болна. Сите можеа да видат дека навистина го сака Дениел, но и тој неа. Нема сомнеж дека тие навистина се еден за друг, рече Пизарусо.
Иако и е преостанат само уште некој месец живот, Лесли одлично се забавува.
– Лесли, Дениел и нивните семејства имаа време да прослават, се смееја и играа, а такво нешто не планираа во последните неколку месеци, заклучи Сара.Со помош на Фодацијата „Исполни ја желбата“, која работи на остварување на желбите на оние кои боледуваат од некоја смртоносна болест,



