14-годишниот Аидан Џексон од Англија успеа од тажен момент да напрви нешто што ќе им даде сила и волја за живот на неговите сограѓани.Во февруари, 2014 година, неговата другарка Оливија Вокер починува на 15 години заради компликации поврзани со неколку тешки состојби (епилепсија, сколиоза и развоен застој).
По нејзината смрт, нејзиното семејство основа хуманитарна фондација наречена Оливија Алис. Целта била да се подигнат средства за медицинска опрема во детските болници.
„Аидан, кој и самиот се справува со Аспергеровиот синдром, беше решителен да придонесе, и започна со бура на идеи со цел да смисли креативен начин на собирање средства. Па бидејќи Оливија сакала мечиња, се раѓа и оваа идеја.“
„Аидан сакаше да го собори Гинисовиот рекорд за најдолга редица на мечиња. Но, по извесно истражување, тој дозна дека рекордот го држи младо момче што починало претходната година, и заклучи дека не сака да го собори неговиот рекорд“, вели мајка му.
„Добивме многу мечиња, но некои од нив ми се посебно мили“, вели Аидан. „На пример, едно од мечињата што ги добивме беше подарок од 38-годишна жена, која го чува уште од многу мала возраст.“
Во февруари, 2014 година, неговата другарка Оливија Вокер починува на 15 години заради компликации поврзани со неколку тешки состојби (епилепсија,