Најдебелиот човек на Балканот е Мусто Кариќ (51) кој живее во едно село во близината на градот Добој, во БиХ, пишуваат сараевските медиуми.
Последниве неколку години неговата тежина се движи меѓу 200 и 250 килограми, па за да се измери тој мора да ги користи вагите на кои се мери добитокот.
Мусто Кариќ вели дека почнал да се дебелее уште кога имал 20 години, а за време на служењето на воениот рок тежел 104 килограми. Тој тврди дека за неговата дебелина се виновни само гените, откривајќи дека неговиот брат тежи 130, а сестра му 100 килограми.
– Јадам сосема нормално, само малку повеќе од другите во семејството. Ако тие изедат една чинија, јас јадам две. Земам само два-три оброка во текот на денот, но јас сум неспоредливо најдебелиот од сите нив, објаснува Кариќ.
Човекот признава дека многу сака да јаде секакви пити, но вели дека тие не се виновни за неговата состојба. Многу пати досега држел диети за да ослабне, по кои ја губел силата.
– Не можам потоа ниту стотина метри да изодам, морав постојано да се одмарам, раскажува овој човек кој секојденвно работи, сечејки дома дрва за зимските денови и грижејќи се за добитокот со жената и децата.
Експертите од здравството објаснуваат дека Кариќ има генетска болест и наместо да е на диета би требало да побара лекарска помош. Лекарите советуваат дека би требало да му се изврши хируршка интервенција на желудникот т.н. гастрик-бајпас, која е веќе применета на пациенти од БиХ и кои сега живеат нормален живот.Најдебелиот човек на Балканот е Мусто Кариќ (51) кој живее во едно село во близината на градот Добој, во БиХ, пишуваат