Фото: Тој е „овчар на годината“ со 500 илјади лајкови на Фејсбук

Романскиот овчар Гита Данулетиу (28) се прилагоди на модерните технологии. Пасиштата на кои ги води овците најчесто ги бира по сигналот на мобилниот телефон за да биде во контакт со семејството.Тој чува овци на зафрлените романски полиња, свири на фрула и носи кожувка. Сака да игра фудбал, оженет е има ќерка, а контактот со семејството го одржува преку мобилниот телефон со тач скрин и интернет. Користи и таблет за да направи фотографии од овците, шумата, храната која ја подготвува, а потоа ги објавува на Фејсбук. На оваа социјална мрежа Гита има половина милион лајкови. Романците толку се заинтересирале за него што одлучи во февруари организира дружење со фановите во родното место.
„Дебелата кожувка од овчо крзно, малку ракија и таблет, е се што ми треба да го преживеам денот.“ вели тој.

Домот го напушта в зори со своето стадо, овчарски пес, натоварено магаре и тргнува кон пасиштатa. Таму понекогаш се задржува и до шест недели, па кога може ги избира местата според покриеноста со мобилна мрежа за да може да се слушне со сопругата. Спие само неколку часа и тоа надвор под дрво, без разлика на временските услови.
За време на комунизмот, овчарите во Романија беа меѓу најбогатите.Тој чува овци на зафрлените романски полиња, свири на фрула и носи кожувка. Сака да игра фудбал, оженет е има ќерка, а контактот со семејството го

Пронајдете не на следниве мрежи: